Италија
Данило пред да го напушти Торино: Ова не беше мој избор

Данило денеска го напушти Торино и се врати во родниот Бразил, каде очигледно ќе ја продолжи кариерата во редовите на Фламенго.
Досегашниот капитен на Јувентус договори раскинување на договорот половина година пред неговото истекување и можност да се пресели во друг клуб како слободен агент, но и тој и фановите ќе бидат незадоволни бидејќи не доби шанса ни да се збогува со навивачите на стадионот на „бјанконерите“.
Новинарите утринава го уловиле дефанзивецот на аеродром, па очекувано го прашале и како се чувствува поради начинот на кој ја заврши приказната во редовите на Јувентус.
– Преферивав да се збогувам со фановите на стадионот и да заминам поинаку, но ќе ги задржам само убавите спомени.
– Пет и пол години овде ме направија подобар фудбалер и човек, – рекол Данило, кој бил прашан и како е донесена одлуката за крај на соработката среде сезона.
– Не ме прашувајте мене, јас секогаш му бев на располагање на тимот. Сепак, не можам да влијаам на одлуките на тренерот и на клубот, ова не беше мој избор. Од друга страна, ова беше мојот најважен период во кариерата, Јувентус го промени мојот менталитет и можам да бидам благодарен за тоа.
– Добивав многу позитивна енергија од фановите. За мене, тие се Јувентус, а не фудбалерите или менаџерите, – истакнал Данило.
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија23 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Англија24 часа
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Свет23 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија18 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа