Италија
Данило: Ќе си заминам од Јувентус…
Јувентус не успеа да ја совлада Венеција во италијанската Серија А или поточно се спасуваше од пораз на овој меч по што по последниот судиски свиреж дојде до тензија меѓу Душан Влаховиќ и ултрасите на клубот од Торино.
Нервозниот Влаховиќ влезе во расправија со ултрасите на Јувентус, Мота ја смирува тензијата (Видео)
Секако ова не е добро за „старата дама“, па еден од најискусните во екипата и воедно капитен Данило се обиде да ја „спушти топката“.
-Ова е фудбал, играме на секои три дена, добрата претстава завршува таму, а следниот натпревар е сосема поинаков. Мораме да погледнеме во себе, но и да бидеме подготвени да дадеме итен одговор во вторник, бидејќи повторно сме на теренот.
-Не сме разговарале за тоа, но сите сме луѓе. Тоа беше жештината на моментот, точно е што нашите навивачи се фрустрирани и го изразуваат она што го чувствуваат. И ние играчите грешиме, но имаме најголема почит кон нашите навивачи кои секогаш не поддржуваaт. Најважното нешто сега е да работиме заедно, да дознаеме што можеме да направиме за да се подобруваме секој ден за доброто на Јувентус, -рече дефанзивецот кој испрати и јасна порака за неговата иднина.
-Никогаш не сум кажал дека сакам да заминам. Никогаш не барав од Јувентус да ми го раскине договорот, ниту нешто друго што беше напишано. Ќе си заминам во јануари само доколку Јувентус не ме сака повеќе. Мојата врска со Јувентус оди подалеку од тоа колку минути имам да играм. Секогаш ќе бидам тука да им помогнам на момците и тренерот. Затоа сум тука, -порача Бразилецот кој има договор до крајот на сезоната.
-
Европски првенства23 часа
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Италија9 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Италија20 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП19 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Шпанија23 часа
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Англија19 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)
-
Англија22 часа
Малерозниот Жезус доби најлоши можни вести од лекарскиот тим на Арсенал (Фото)
-
Шпанија24 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна