Поврзете се со нас

Италија

Данило испрати проштална порака до фановите на Јувентус

Објавено

на

foto:x.com/juventusfcen

Јувентус досега официјално не потврдил дека капитенот Данило ќе се пресели во Наполи, но сите досегашни информации и сигнали водат кон таков заклучок.

Она што е сигурно е дека Бразилецот беше на излезна врата од торинскиот клуб, шест месеци пред да му истече договорот, а и дека Наполи е заинтересиран за искусниот дефанзивец.

Дополнителна потврда за насоката во која се движи неговата кариера е и фактот што Јувентус не го повика Данило за настап на Супер куп мини турнирот, кој во првата недела од новата година ќе се одржува во Саудиска Арабија.

Денеска, самиот Данило испрати порака преку социјалните мрежи и фановите се убедени дека се работи за простување со „црно-белата“ фамилија и му испраќаат коментари со поддршка и благодарност за она што го правеше за Јувентус изминатите сезони.

Бразилецот со првата фотографија најавија рестарт и рефокус, а со втората се потпиша на поздравот до фановите на неговиот досегашен клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни