Поврзете се со нас

Италија

Данило го посочи главниот проблем на Јувентус

Објавено

на

Екипата на Јувентус не успеа да слави ниту во четвртиот сезонски натпревар во Серија А, односно овојпат ремизираше против Милан (1-1) во дербито на колото.

Јувентус поведе уште во раната фаза преку Мората, но таа почетна енерија не ја искористи докрај и долго време го држеше отворен резултатот (1-0), па тоа им се врати преку Ребиќ кој во вториот дел стрелаше за бод на Милан во Торино.

Овој нов неуспех на Јувентус допрва ќе се анализира, но од прва свој коментар имаше дефанзивецот Данило.

-Се согласувам со тренерот дека треба да бидеме повеќе тим, бидејќи не се проблем настапите, туку резултатите. Мора да бидеме интелигентни и да сфатиме што ги предизвика овие резултати. Одигравме добро прво полувреме, го задржавме поседот, притиснавме високо и го направивме она што го подготвивме во текот на неделата. Во второто полувреме моравме да го одржуваме тој интензитет, но примивме гол што можевме да го избегнеме, -рече Данило.

Бразилецот воедно го посочи и главниот проблем на „бјанконерите“ кои освен против Милан испуштија водство против Удинезе и Наполи.

-Според мое мислење, тоа е повеќе прашање на менталитет отколку физичка подготвеност. Во тие моменти не можеме да притискаме или да се движиме дефанзивно како единица, не ја движиме топката доволно брзо и тоа е секако нешто што треба да го подобриме.

-Мораме да се фокусираме само на нашата работа и нашиот напредок, а не на она што другите тимови го прават. Ако можеме да играме на наше ниво, сигурно ќе се искачиме на табелата, -заврши бразилскиот интернационалец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни