Поврзете се со нас

Италија

Данило донел одлука за својата иднина и ќе се пресели во голем ривал на Јувентус

Објавено

на

foto: https://twitter.com/juventusfcen

Данило најавуваше дека како актуелен капитен на Јувентус, не планира да го напушти клубот среде сезона, но италијанските медиуми се уверени дека ќе го направи токму тој потег.

Бразилецот е на излезна врата од редовите на „бјанконерите“ и не сака да чека до јуни, кога му истекува договорот, туку решил да ја прифати понудата на Наполи.

За Данило се интересирале и други клубови како Фламенго, Ал Наср и Манчестер Јунајтед, но тој решил да ја прифати поканата од еден од најголемите ривали на Јувентус, потег што сигурно нема да им се допадне на фановите на торинскиот клуб.

„Скај Спорт Италија“ тврди дека пресудна улога имал Антонио Конте и тренерот на Наполи е тој кој со својата работа и резултатите кои тимот ги постигнува сезонава го убедил искусниот дефанзивец на јануарски трансфер на јужната страна на „чизмата“.

Останува да се види дали Јувентус ќе добие некаква минимална отштета за фудбалерот, кој реално не добиваше посериозна минутажа од новиот тренер Тиаго Мота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни