Поврзете се со нас

Шпанија

Дани Алвеш префрлен во друг затвор, нов бранител ќе му биде адвокатот на Меси

Објавено

на

Дани Алвеш веќе неколку дена е во притвор поради секс-скандалот кој еруптираше на стартот на новата 2023-та година, а кој направи десниот бек да заврши зад решетки и да се најде на удар од цела јавност на Пиринеите.

Бразилскиот репрезентативец е обвинет за сексуален напад и силување од страна на млада 23-годишна девојка, со која се претпоставува дека Алвеш имал интимни односи вечерта на 30-ти декември минатата година.

Немилиот настан се случил во познатиот клуб Сатон во Барселона, а лоша вест за Бразилецот е тоа што имало сведоци и сите дале изјави против него.

Дани Алвеш во моментов се наоѓа во навистина незавидна ситуација и веќе доби отказ од својот клуб за лошата репутација, а од вчера е префрлен во друг затвор во Барселона поради неговата безбедност.

Фудбалерот бил префрлен во затвор во кој ќе може да користи сопствен тоалет, па овие услови ќе може да ги користи се до следното рочиште кое е закажано од судот.

Дотогаш, обвинителството ќе се обиде да собере што е можно повеќе докази, но од друга страна, пристигна информација дека Дани Алвеш ќе биде бранет од човекот кој го застапуваше Меси.

Семејството на Дани Алвеш било незадоволно од актуелниот адвокат кој го водел случајот, па денеска бил ангажиран реномираниот адвокат за кривично право, Кристобал Мартел.

Станува збор за адвокатот кој ги бранеше интересите на Меси во Шпанија, човек кој исто така ги има застапувано и Пујол и Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни