Поврзете се со нас

Свет

Дани Алвеш остана без голема поддршка: Таткото на Нејмар му го сврте грбот (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/danialves

Семејството Нејмар исплати еден милион евра како гаранција за Дани Алвеш за време на судењето кое се одвиваше во Барселона, но откако судот во Шпанија го обвини за силување, бразилскиот десен бек се најде во небрано.

Во последните два дена, судот повторно слуша изјави од Алвес и фудбалерот се обидува да си ја купи слободата со плаќање на кауција, меѓутоа најголем проблем за него е тоа што сите сметки му се блокирани и не може да ги пронајде посакуваните средства.

Шпанските медиуми вчера и денеска пренесува дека таткото на Нејмар повторно ќе исплати еден милион евра за Алвеш да биде на слобода додека се чека одлука на жалбата која ја има доставено, но оваа вечер пристигна официјален допис од Нејмар Сениор, преку кој таткото на позната фудбалска ѕвезда се дистанцираше од целиот случај.

– Како што сите знаат, на почетокот му помогнав на Дани Алвеш, без никаква поврзаност со никакво судење. Во овој момент ситуацијата е поинаква од претходната, бидејќи шпанскиот правен систем веќе одлучи да го осуди Дани Алвеш.

– Има шпекулации и обиди да се поврзе моето име и името на мојот син со прашање кое веќе нас не нè засега. Се надевам дека Дани заедно со неговото семејство ќе ги најде сите одговори што ги бара. За нас, за моето семејство, работата е завршена. Тоа е тоа, – гласи објавата на Нејмар Сениор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни