Поврзете се со нас

Шпанија

Дани Алвеш може да излезе од затвор, но под еден услов

Објавено

на

foto:twitter.com/ElSaltoDiario

Дани Алвеш пред околу еден месец беше прогласен за виновен за сексуален напад врз девојка при што од судот во Барселона му беше доделена казна затвор од 4 години и 6 месеци.

Меѓутоа процесот се уште не е затворен и поранешниот бразилски репрезентативец испратил официјално барање до судот за да биде ослободен со кауција, барање кое му е одобрено и легендата на Барселона може да брзо време да излезе од затвор.

Имено тој ќе може да оди на слобода до правосилната одлука ако плати милион евра. Воедно двата пасоши ќе му бидат одземени и притоа Алвес ќе мора да се појавува пред судот и воопшто нема да смее да и се доближува на жртвата, местото каде што работи и даде се движи и воопшто не смее да пробува да комуницира со неа.

Алвеш бара да го напушти затворот, тврди дека не планира да побегне од Шпанија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни