Поврзете се со нас

Свет

Дани Алвеш ќе бара нова средина откако го напушти Сао Пауло, враќање во Европа една од опциите

Објавено

на

Искусниот бразилски фудбалер, Дани Алвеш наскоро би можел да има нов клуб откако и официјално си замина од редовите на Сао Пауло.

Дани Алвеш кој е најтрофејниот фудбалер во историјата на овој спорт не планира да става крај на својата професионална кариера и во следниот период ќе ги разгледа опциите кои ќе стигнат на негова адреса.

Како што пишуваат одредени медиуми, фудбалерот би можел да се врати во Европа откако за него интерес пројавиле неколку клубови од Русија и Турција.

Во овие земји преодниот рок е се уште отворен, па Дани Алвеш би можел да реализира трансфер без никаков проблем.

Самиот факт што е слободен агент му дава можност тој да направи транфер во уште некоја од посилните европски лиги каде се уште е дозволена регистрација на фудбалери кои немаат договор со други клубови.

Таков е случајот во Ла Лига каде се уште може да се ангажираат слободни агенти, а според последните најави Атлетико Мадрид ја разгледува опцијата да го ангажира на краткорочен период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни