Поврзете се со нас

Свет

Дани Алвеш донесе сосема неочекувана одлука за својата кариера

Објавено

на

Искусниот бразилски фудбалер, Дани Алвеш кој од пред неколку денови е слободен агент донесе ретко видена и сосема неочекувана одлука.

Имено, најтрофејниот светски фудбалер се реши кариерата да ја стави на „стенд бај“ и во моментов да не преговара со ниту еден клуб до крајот на оваа година.

Бразилецот за кого има интерес од неколку клубови одлучил да не се приклучува на нов тим се до крајот на оваа календарска година.

Се најавуваше негов премин во Флуминензе, а наводно интерес имало и од други три екипи, меѓутоа Алвеш решил да не прифаќа ниту една понуда и да земе одмор од неколку месеци, нешто што ретко се гледа во светот на фудбалот.

На адреса на Дани Алвеш пристигнале вкупно четири понуди за продолжување на неговата кариера, а се верува дека десниот бек сака да се проба уште еднаш во Европа. Шпанските медиуми пишуваа дека Атлетико Мадрид се интересира за играчот, па можеби ваквото одлагање е во насока тој во јануари да се пресели на „Ванда Метрополитано“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни