Поврзете се со нас

Шпанија

Дани Алвес: Животот ми подари нова шанса да се збогувам од „Камп Ноу“

Објавено

на

Дани Алвес ги искористи социјалните мрежи за да ми одговори на Ривалдо, кој пред неколку дена го доведе во прашање последниот трансфер потег на искусниот бразилски дефанзивец.

Алвес направи трансфер во Пумас како слободен агент и си најде нова средина неколку месеци пред Светското првенство, ситуација до која не сакаше да се доведе и покрај тоа што истата беше реалност.

Бразилецот искрено се надеваше дека ќе добие уште малку подолг престој на „Камп Ноу“ и дека ќе остане и во новата сезона дел од тимот на Чави, но тоа на крајот не се случи бидејќи каталонскиот гигант реши да не му го продолжува договорот.

Истиот траеше шест месеци и втората етапа на Дани во Барселона беше навистина кратка, но сега судбината посака со новиот клуб да ја има Барса за ривал за неколку дена од сега (ќе одиграат на „Камп Ноу“ на 7-ми август).

– Животот ми подари шанса да играм со Пумас и да одам на „Камп Ноу“ за достојно да се збогувам. Не го направив тоа кога си заминав. Не сметам дека ме исфрлија од задната врата овојпат, тоа го направија првиот пат. Овојпат ми истече договорот и не очекував многу повеќе. Таков е фудбалот „чао – пријатно“. Имав договор од шест месеци и го завршив, – вели Дани Алвес во интервјуто за „ТУДН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни