Дани Алвес образложи зошто е уникат: Кога Барса освои шест титули, јас освоив една повеќе!

dani-prst

Дани Алвес со години наназад важеше за убедливо најдобар десен бек во светот, но со оглед на тоа што се уште е активен и важи за играч со најмногу освоени титули во историјата на фудбалот (40), Бразилецот со право си даде за право да ја нарече својата кариера уникатна.

Поранешниот бек на Барселона сега настапува во родниот Бразил како член на Сао Пауло, a дека се уште игра на врвно ниво најдобар доказ беше неговото издание на Копа Америка каде беше прогласен за МВП на турнирот.

– Не се родив за да бидам меѓу просечни луѓе, но понекогаш тоа е мојата реалност. Искрено, не ја сакам просечноста на моја страна, така стануваш просечен, – вели Алвес во интервјуто со јутјуберот Рајам Сантос и додава.

– Мене ми е важна посветеноста и вложениот труд. Ако некој побара од мене салто мортале, јас ќе направам две или три, ќе му дадам повеќе од тоа што бара. Трудот треба да биде поголем од тоа што луѓето го очекуваат. Јас сум единствениот десен бек кој бил избран за МВП на Копа Америка, откако ги размислив работите, сфатив дека навистина сум уникатен. Во годината кога Барса освои шест титули, јас бев единствениот кој освои седум. Дојдов тука и ја освоив и Копа Америка со Бразил, – додава трофејниот десен бек.

Facebook Коментари