Дани Алвес: Не се шегував кога кажав дека Бразил го доби новиот Роналдо

dani-bib

Англија и Бразил утре ќе одмерат силите на „Вембли“, а без разлика на тоа што станува збор само за пријателски натпревар, големото ривалство прави нивното соочување да биде посебно интересно за медиумите.

Не е никаква тајна дека фудбалерите секогаш добиваат посебен мотив за игра кога настапуваат на најпознатото фудбалско здание во Англија, а секако дека Бразил ќе биде доволно атрактивен противник за Англичаните со оглед на формата со која пристигнуваат „кариоките“ на овој дуел.

Тите направи навистина сериозен тим од Бразил со подмладување на составот, а еден од најискусните играчи, дефанзивецот Дани Алвес има посебни комплименти за младата ѕвезда на Манчестер Сити која ја спореди со бразилскиот „Ил Феномено“.

– Габриел Жесус веќе направи толку многу добри работи иако е многу млад, а што е најдобро, гледам дека воопшто не чувствува притисок. Тој го прави тоа што го сака, веќе реков дека Бразил го доби новиот Роналдо. Не се шегував кога го кажав тоа. Гледам многу сличност меѓи нив двајца. Тој веќе е фантастичен, а ќе биде уште подобар во иднина, – смета Дани Алвес.

Facebook Коментари