Поврзете се со нас

Свет

Дани Алвес му одговори на Ривалдо за последните критики во јавноста (Фото)

Објавено

на

Дани Алвес направи трансфер во Пумас и се одличи за Првата фудбалска лига на Мексико, чекор кој не наиде на одобрување од цела бразилска јавност, бидејќи многумина сметаат дека оваа лига не е доволно конкурентна како подготовка за еден мундијал.

Целта на Алвес е да биде фудбалски активен до Светското првенство и негова желба е да се најде на завршниот список на Тите, но ваквите потези ги доведе во прашање легендарниот Ривалдо кој не верува дека неговиот сонародник направил вистински избор.

– Не знам дали Дани Алвес направи најдобро со изборот на Пумас, мислам дека не. Требаше да игра во лига каде ќе биде следен повеќе од селекторот, но сметам дека Тите секако има голема верба во Алвес поради неговото искуство, или поради тоа што е играч со најмногу титули. Алвес е веќе стар за репрезентацијата, но ужива доверба од селекторот, – изјави Ривалдо.

Оваа изјава на легендарниот бразилски репрезентативец очигледно не му се допадна на Дани Алвес, кој сега го искористи својот Твитер профил за да му одговори на сонародникот.

– За да го правиш тоа што јас го правам, треба да ти бидат добро наместени……. Ако не, останува само да зборувате, – порачува Алвес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни