Шпанија
Дани Алвес ќе одговара за сексуалниот напад, шпанскиот Суд го прифатил случајот на обвинителството

Судот во Шпанија го прифати предлогот на обвинителството за судскиот процес во кој Дани Алвес ќе одговара за сексуален напад во ноќен клуб.
Судиите процениле дека има доволно докази за отворање на процесот, што е лоша вест за фудбалската ѕвезда, а обвинителството допрва ќе соопшти каква казна ќе бара за Бразилецот.
Алвес е во притвор од јануари откако беше уапсен за напад над девојка во тоалет на ноќен клуб во Барселона. Судот не дозволуваше да плати кауција и да се брани од слобода поради проценката дека постои опасност да ја напушти државата и да ја избегне одговорноста.
Трофејниот фудбалер првично тврдеше дека не ја познава девојката, за подоцна да го смени ставот велејќи дека сексуалниот чин бил одобрен од двете страни.
Потенцијалната затворска казна за Алвес може сериозно да варира и најмногу зависи од начинот на кој обвинителството ќе го класифицира случајот, а максималната казна за сексуален напад и силување во Шпанија е 15 години зад решетки.
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Францијапред 23 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума