Дани Алвес го обелодени најголемиот и длабок проблем на ПСЖ: Многу ќе страдаме!

dani-tiago

Дани Алвес го направи првото поголемо и опширно интервју по елиминацијата на ПСЖ од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а тоа реши да го направи за домашната бразилска емисија „Еспорте Еспектакулар“ во која ги изнесе впечатоците за двете лекции кои ги добија од „кралскиот клуб“.

Алвес дефинитивно е реткиот играч, ако не и единствениот кој во последните години со дури три различни тима играше против Реал Мадрид, а ако во Барселона неговиот процент беше позитивен, како член на Јувентус и сега на ПСЖ доби доста тешки удари.

Искусниот бразилски десен бек потенцира дека елиминацијата од Реал не е случајна и дека најголемиот проблем на ПСЖ е хемијата која според него не е на потребното ниво за клуб од највисок ранг.

– Јас секогаш велам дека елиминациите не се случајни и така е и овој пат. Според мене, главниот проблем со кој се соочуваме во ПСЖ е недостатокот на хемија, на општа конекција која е дел од транзицијата на тимот. Тоа се одразува на теренот и јасно се гледа дека недостастува хемија. Ова го доживеав и во други тимови и дури во селекцијата на Бразил. ПСЖ го преживува тој процес во овој момент и тоа е процес низ кој мора да помине. Ќе страдаме многу додека да поминеме низ тој процес кој е клучен за најголеми дострели, – порачува Алвес кој смета дека актуелниот фудбал е лоша слика за сите деца кои сакаат во иднина да се занимаваат со овој спорт.

– Му благодарам на Бог што на мојот син не му се допаѓа фудбалот. Денешниот фудбал ја загуби есенцијата поради која јас на времето сакав да станам играч. Фудбалот се извештачи, погледнете што се случи на мечот со Реал Мадрид. Медиумите пренесоа дека јас сум му залепил мрсул на Роналдо. Тоа се глупости кои немаат граници и тоа ја убива суштината на фудбалот, – заклучува Алвес.

Facebook Коментари