Поврзете се со нас

Шпанија

Дани Алвес ги собра потребните финасиски средства и ќе излезе од затворот во Барселона

Објавено

на

Foto:instagram.com/danialves

Дани Алвес успеа да собере пари со помош на својата одбрана и денеска уплатил еден милион евра кауција за да излезе на слобода, па легендарниот бразилски бек во наредните неколку часа привремено ќе излезе од Брајанс 2 затворот во Барселона.

Иако е првообвинет за силување на млада девојка на крајот на 2022-ра година, Бразилецот доби шанса да се брани како слободен граѓани, се додека не се донесе конечна одлука за жалбата која ја достави заедно со својата одбрана.

Алвес сведочеше пред судот минатата седмица и испратил ветување дека не планира да бега ако излезе на слобода, па сега останува да се види дали навистина ќе биде така.

Поради замрзнати сметки и лимитирани финансиски средства, Алвес повеќе од една седмица се мачеше да собере еден милион евра, но во текот на викендот ја комплетирал таа мисија и утрово била платена кауцијата од неговиот адвокатски тим.

Пред да дојде до ова сценарио, таткото на Нејмар јавно откри дека не планира да му помага на поранешниот бразилски репрезентативец, за кого претходно сепак плати 150 илјади евра во првиот дел од судскиот спор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни