Шпанија
Дани Алвес: Чудно е да се види какви работи направи Барселона ова лето

Дани Алвес се враќа на „Камп Ноу“ со друг клуб, но единствено нешто што не му се допаѓа од овој излет е бојата на дресот кој ќе го носи задутре во пријателскиот меч.
Бразилецот потпиша за Пумас минатиот месец и судбината посака еден од првите натпревари да му биде против Барселона, клубот кој на крајот реши сепак да не му го продолжува договорот и да се откаже од него.
Алвес без зла крв се враќа во својот сакан клуб и потенцира дека најмногу ќе го нервира тоа што ќе игра со бел дрес на „Камп Ноу“, но како повратник на добро познато место, реши да ги коментира и лудите акции кои ги презема Барса на трансфер пазарот.
Во неговата прва етапа во клубот, Барселона премногу се потпираше на природниот талент и играчите од Ла Масија, нешто што се промени и во Каталонија во ова модерно време на фудбалот во кое се трошат огромни средства.
– Чудно е да се види какви се работи направи Барселона на трансфер пазарот.
– Но, тоа е реалноста, се адаптираше на трансфер пазарот во модерниот фудбал, кој во најмала рака е луд. Барселона сега го прави истото што го прават и другите клубови. Најважно е да не ја напуштат својата филозофија, бидејќи со таа филозофија станаа најголеми, – вели Дани Алвес.
-
Формула 1пред 11 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 12 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 11 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 14 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 13 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Светпред 22 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Италијапред 23 часа
Јувентус притиска за ангажман на Паредес
-
Англијапред 5 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил