Данецот Мелер најкорисен играч, без Македонец во најдобриот тим на СП во Алжир

Meler-Danska

Последниот натпреварувачки ден на младинското Светско ракометно првенство во Алжир ги донесе и завршните натпревари за распределба на позициите, но и изборот на најдобри ракометари на турнирот.

Шпанија во финалето по продолжение ја совлада Данска за титулата светски првак, Македонија на крајот заврши на одличното шесто место, а зад нас во генералниот пласман останаа многу поизвикани репрезентации.

За МВП или најкорисен играч на првенството е избран данскиот репрезентативец Ласе Мелер, додека во најдобриот тим немаше место за македонски репрезентативец, а влегоа претставници на пет селекции.

Голман: Чоан Ледо (Шпанија)
Пикер: Магнус Саугструп (Данска)
Лево крило: Лукас Мертенс (Германија)
Десно крило: Алеиш Гомес (Шпанија)
Лев бек: Ласе Мелер (Данска)
Десен бек: Дика Мем (Франција)
Среден бек: Матјас Ѓери (Унгарија)

najdobartim

Facebook Коментари