Поврзете се со нас

Светски првенства

Данците запрепастени од валканата игра на Хрватите: Ваков испад не му прилега на ракометот! (Видео)

Објавено

на

Данската спортска јавност на големо ја потенција непотребната грубост која ја презентираа Хрватите во големото финале на Светското првенств, но особено се фрустрирани од одредени непристојни и неспортски потези на теренот.

Марко Мамиќ брутално го удри Лауге во пределот на вратот и иницираше една непотребна турканица во првото полувреме, но Данците потенцираат дека тоа не бил единствениот валкан потег од противниците.

Данската телевизија „ТВ2“ посебно го апострофираше и моментот при кој Матео Мараш го нагазнува Матијас Гидсел, при што најгласен во критиките е поранешниот дански репрезентативец, Клаус Мелер Јакобсен.

– Тоа беше многу валкан потег од хрватскиот ракометар, намерно застана на ногата на противникот. Ваков испад не припаѓа на нашиот спорт и навистина сум лут.

– Ова беше грдо за гледање, намерно се обиде да застане на зглобот на Гидсел. Ова е една од најгрдите работи кои сум ги видел во ракометот, – критикува Клаус Мелер кој сега е коментатор за „ТВ2“.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни