Поврзете се со нас

Олимписки игри

Данците со лекција за Германија до ракометно олимписко злато

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/danskhaandbold

Машката ракометна репрезентација на Данска испорача лекција за Германија во финалето на олимпискиот турнир и со импресивно издание (39:26) го обезбеди златото на последниот натпреварувачки ден на Олимпијадата во Париз.

Данците уште од стартот направија сериозна предност, на полувреме водеа со 21:12, а во вториот дел не дозволија никаква драма и рутински го финишираа финалето во кое легендарниот Микел Хансен обезбеди уште еден престижен трофеј на последниот натпревар во кариерата.

Ова е второ олимписко злато за скандинавската селекција, која претходно триумфираше и на ЛОИ во 2016 година.

Разликата на полувреме е најголема во историјата на финалните натпревари на олимписките турнири, исто како и конечниот резултат, а Данците со денешната победа заокружија перфектен турнир на кој остварија осум победи на осум натпревари.

Гидсел со 11 и Јакобсен со 7 голови беа најефикасни во редовите на данската селекција, додека Германците беа предводени од Кнор со 6 голови.

Претходно, во битката за третото место и бронзените медали, Шпанија ја победи Словенија со 23:22.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни