Поврзете се со нас

Светски првенства

Данците ќе ги критикуваат катарските власти со тренинг опремата на мундијалот

Објавено

на

Данската фудбалска репрезентација одигра одличен квалификациски циклус и заслужено обезбеди место на Светското првенство, но скандинавската селекција ќе го искористи присуството во Катар и за поинакви цели.

Скандинавците ја потенцираат историјата на оваа земја во однос на непочитување на основните човечки права, дури размислуваа и да го откажат учеството, но сега решија дека ќе делуваат поинаку.

Данската фудбалска федерација официјално објави дека спонзорите на националниот тим решиле да го отстапат своето место на тренинг опремата и наместо нивните брендови, Данците ќе носат пораки со кои ќе го критикуваат домаќинот.

– Данската федерација долго време е критички настроена кон СП во Катар.

– Уште помоќен сигнал е кога нашите партнери ќе се вклучат во борбата за подобри работни услови, – стои во соопштението на Данците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни