Поврзете се со нас

Боречки спортови

Дана Вајт најави пресврт во случајот со Хабиб: Неговиот татко имаше една желба, тој веројатно ќе му ја исполни

Објавено

на

Хабиб Нурмагомедов изненади многумина со својата изјава дека се повлекува од активното борење во октагоните по победата над Џастин Гејџи во Абу Даби.

Тоа беше вкупно 29 победа од исто толку средби во УФЦ серијата за Нурмагомедов кој по средбата најави дека ова ќе биде и негова последна борба во октагонот.

Сепак, првиот човек на УФЦ, Дана Вајт најавува пресврт во случајот со Хабиб Нурмагомедов за кого смета дека ќе се врати во октагонот за да се обиде да ја оствари и 30-тата победа од исто толку одработени борби.

– Никој не знаеше дека ќе се пензионира, дури ни неговиот тренер. Јас седев тука и си реков „Боже, па тој се шегува“. Но ќе ви кажам нешто што на никого не сум го кажал, јас и Хабиб зборувавме по борбата.

– Знаете, тој беше доста емотивен таа вечер. Во овој момент имам чувство дека тој ќе оди и ќе се обиде да стигне до 30:0. Мислам дека нема да се пензионира. Неговиот татко сакаше да стигне до скор од 30:0 и мислам дека тој ќе ја исполни желбата на татко му, -изјави Дана Вајт.

Инаку, Хабиб Нурмагомедов неодамна остана без својот татко Абдулменап кој почина по компликации од коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни