Поврзете се со нас

Македонија

Дамчевска за триумфот на Металург: Имавме падови, но не ја испуштивме шансата за победа

Објавено

на

ЖРК Металург триумфираше во денешното финале на македонскиот ракометен Куп во женска конкуренција, со што тимот од „Автокоманда“ по подолго време освои нов трофеј.

Финалето во Кавадарци помина во знакот на Металург, чии ракометарки постојано водеа во дуелот со Ѓорче Петров, но мораа да бидат внимателни и трпеливи до крајот кога беше одлучен победникот (30:27).

– Се договоривме дека одиме на победа и на освојување на трофејот и тоа го покажавме со играта.

– Цело време бевме во водство, иако имавме падови, но не ја испуштивме шансата за триумф. Покажавме дека го сакаме трофејот и победата и на крајот го освоивме, – изјави Јулијана Дамчевска, тренерот на победничката екипа во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Амра Илјаз блескаше на голот на победничкиот тим, па и заслужено беше прогласена за најдобар голман, а по дуелот имаше краток коментар за финалето.

– Честитки за ракометарките на Ѓорче Петров, мислам дека успеавме да го реализираме она што се договоривме во соблекувалната. Трофејот за најдобар голман ме обврзува да продолжам и понатаму да давам максимум, – изјави Илјаз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни