Англија
Дало убеден во успех со Аморим: Со него можеме да ја освоиме титулата во Премиер лигата

Рубен Аморим веќе неколку месеци е предводник на Манчестер Јунајтед, месеци кои се тешки за клубот и навистина е тешко да се каже, подвлече дека екипата напредуваше откако е дојден на „Олд Трафорд“.
Повеќе од јасно беше дека ќе му биде потребно време и простор, меѓутоа од друга страна јасно е дека Јунајтед мора подобро да изгледа, да нема само некои моментални блесоци, да фати континуитет кој е повеќе од потребен.
Дали Аморим ќе го испорача она што го посакуваат сите во Јунајтед ќе покаже времето иако засега нема простор за проголем оптимизам, но од ако се суди по изјавата на дефанзивецот Диого Дало тогаш премиерлигашот може да се надева, очекува да биде подобро во иднина.
-Можеме да ја освоиме титулата во ПЛ со Аморим. Реално мислам дека можеме да бидеме шампиони. Ама потоа доаѓа најтешкото нешто што ќе го чуеш како фан, потребно е време за тоа, -истакнал Португалецот.
Јунајтед последната лигашка титула ја има освоено во 2013 година, вo моментов има дури 27 бода помалку од лидерот Ливерпул.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)