Лига Европа
Дало и Мејну обезбедија осминафинале за Јунајтед, познати сите патници во баражот во ЛЕ

Манчестер Јунајтед оваа вечер и математички го обезбеди пласманот во осминафинето во Лигата на Европа, а со остварената победа, си загарантира и подобра позиција пред ждрепката.
„Црвените ѓаволи“ успеаја да го скршат отпорот на ФЦСБ во Букурешт во второто полувреме, период во кој по еднаш стрелаа Диого Дали и Коби Мејну.
Младиот играч за врска најпрво беше асистент за првиот гол кој го постигна дефанзивецот, за потоа да погоди по асистенција на Гарначо за 0:2.
Со освоените три бода, Јунајтед на крајот заврши на третото место во првата фаза во Лига Европа, зад Лацио и Атлетик Билбао кои се на првите две позиции.
Покрај овие три тима, директен пласман во осминафиналето обезбедија уште Тотенхем, Ајнтрахт Франкфурт, Лион, Олимпијакос и Ренџерс.
Вечерва се дозна и кои тимови се пласираа од 9-то до 24-то место, па дел од баражот за пласман во осминафинале ќе бидат Бодо/Глимт, Андерлехт, ФЦСБ, Ајакс, Реал Сосиедад, Галатасарај, Рома, Виторија Плзен, Ференцварош, Порто, АЗ Алкмар, Митјиленд, Ројал Унион, ПАОК, Твете и Фенербахче.
-
Шпанија24 часа
Деко за ѕвездата на Барса која неодамна потпиша договор: Ако во блиска иднина се премисли, вратите ќе му бидат отворени
-
Лига на шампиони22 часа
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија23 часа
Слот шокиран од Оливер: Откриени зборовите кои му ги испратил на судијата откако доби црвен картон (Видео)
-
Македонија22 часа
Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!
-
Англија14 часа
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“
-
Лига Европа15 часа
Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Кајри-шоу од кое застанува здивот: Ирвинг постигна три тројки за 40 секунди и го откажа Голден Стејт (Видео)
-
Конференциска лига13 часа
Николов и Шишковски славеа со Борац Бања Лука, Антони со мајсторија ја најави победата на Бетис (ВИДЕО)