Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ за ремито со Албанија: Тешко е по ваков примен гол, но ако се сетиме на првиот дел…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HNS_CFF

Хрватска беше блиску до победа со пресврт и прв посакуван успех на актуелното ЕП, но одбраната на Златко Далиќ не издржа во судиското надополнување и Ѓасула донесе голем бод за Албанија, шокирајќи својот балкански ривал.

Селекторот Далиќ во првата изјава по средбата ги критикувал своите играчи за настапот во првиот дел, а смета дека пристапот од второто полувреме треба да биде искористен против Италија во последното коло.

– Не е лесно по ваков крај, многу тежок натпревар со две различни полувремиња.

– Во вториот дел дадовме се од себе да поведеме, па примивме гол во продолжението, сепак се е во наши раце, победа над Италија значи пласман во следната фаза.

– Тешко е кога ќе примиш гол во последната минута, но кога ќе се сетиме на првото полувреме… Имаме неколку дена до дуелот со Хрватска, ќе се подигнеме и ќе се обидеме да победиме. Во првиот дел бевме преспори и претроми, во продолжението работевме напорно да се вратиме, па примивме таков гол. Второто полувреме е показател како треба, непотребно се повлековме во финишот, – изјавил Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни