Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ за продолжението од кое профитираше Италија: Не ми е јасно од каде Мекели најде осум минути

Објавено

на

foto: x.com/HNS_CFF

Хрватската фудбалска репрезентација доживеа шок во 98. минута од дерби соочувањето со Италија и на тој начин остана без второто место во групата, кое гарантираше место во нокаут фазата на ЕП во Германија.

Голот на Ѕакањи беше голем удар за „коцкестите“, а на селекторот Златко Далиќ не му е јасно од каде судијата Дени Мекели ги нашол тие осум минути кои ги продолжи на дуелот во Лајпциг.

– Судијата имаше влијание на резултатот, тоа е сигурно.

–  Не знам  од каде ги најде тие осум минути, но јас го зборувам тоа пет години. Зборувам дека ние сме мали за нив и дека се бориме сами, но што и да зборувам, зборувам во ветер и излегувам смешен.

– Не може да има осум минути продолжение. Поради што продолжи толку, имаше ли прекини, прекршоци? Нема да барам алиби во судијата, но факт е дека нема почитување и признание за Хрватска.

– Тука игравме во 15 часот, играа ли во овој термин Франција, Германија, Португалија и Англија. Во Катар игравме против Мароко во 13 часот, тоа е факт, – истакнал разочараниот хрватски селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни