Поврзете се со нас

Репрезентација

Далиќ за планот на Хрватите: Ја почитуваме Македонија и ќе играме офанзивен фудбал

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HNS_CFF

Хрватска утре ќе биде домаќин на македонската фудбалска репрезентација во Риека, а селекторот Златко Далиќ денеска одржал прес-конференција на која одговарал на прашањата на новинарите.

Иако за Хрватите фокусот веќе е на настапите на ЕП во Германија, Далиќ го најавил и пријателскиот натпревар со нашата репрезентација.

– Немам никакви забелешки на досегашните подготовки, само фудбалерите да продолжат со ваква мотивација и без повреди.

– Го почитуваме утрешниот противник, овој натпревар го замисливме како подготовка со соочувањето со Албанија на ЕП, ќе играме со повеќе офанзивни фудбалери.

– Имаме право на шестнаесет фудбалери и ќе го искористиме, а дел од фудбалерите ќе добијат одмор. Нема да ризикуваме со Влашиќ, додека Перишиќ ќе биде стартер, ќе игра барем еден час, – рекол Далиќ, кој потврдил дека Матео Ковачиќ ќе го одигра стотиот натпревар во националниот тим.

Во овој дел од подготовките Хрватите не располагаат со Модриќ, Брозовиќ и Пашалиќ, а на ЕП се во група со Албанија, Шпанија и Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни