Далиќ за најконтроверзниот момент на СП: Ако на местото на Калиниќ беа Модриќ или Манџукиќ….

dalic-kalinic

Златко Далиќ го заврши Светското првенство во Русија како национален херој за Хрватска и во својата родна земја беше пречекан како вистински јунак, но покрај сите позитивни резултати и историскиот успех кој им го донесе на „коцкестите“, селекторот беше соочен и со една тешка ситуација при која донесе исклучително храбра одлука.

Никола Калиниќ го одби повикот на селекторот да влезе во игра во самата завршница од мечот со Нигерија, а тоа до толку го налути селекторот, што неговиот авторитет го натера да го исклучи актуелниот напаѓач на Атлетико Мадрид од хрватскиот состав.

Тоа секако предизвика многу реакции во хрватската јавност, но на крајот излезе дека оваа одлука е правилна, бидејќи тимот функционираше феноменално добро и без него.

Далиќ во неколку наврати порача дека во ниту еден момент не се покајал за тешката одлука која ја донесе, а сега само додаде дека истата би ја повторил и во случај да се работело за многу поважни играчи во тимот, како на пример Лука Модриќ, или Марио Манџукиќ.

– Таа ситуација ја доживеав како мој пораз бидејќи не можев да натерам еден човек да го прави тоа што е добро за тимот. Жал ми е што испадна така, но морав да донесам одлука. Да продолжевме со него и во продолжение да се случеше нешто слично, немаше да го оствариме резултатот кој го остваривме. Понекогаш во животот морате да донесете тешки одлуки, а верувајте ми не сум горд, ниту среќен на истата. Да беа на негово место Манџукиќ или Модри, и тие ќе летаа. Ако одиме според принципот „Тој може, а другиот не може“, тогаш имаме голем проблем. Ако направиш таков нерамноправен компромис, повеќе не си газда во соблекувалната. Го направив тоа што морав, најбрзо што можев и најбезболно за сите, – појаснува Далиќ.

Facebook Коментари