Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ за хрватската легенда која не доби шанса на ЕП: Ќе му се извинам пред сите соиграчи

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HNS_CFF

Вчерашните резултати дадоа одговори на неколку теории кои ги поставија хрватските медиуми, односно истите пропаднаа во вода со бодот кој го освоија Словенија и Данска.

Покрај Србија, елиминација од Европското првенство доживеа и Хрватска, а пред да дојде до таков расплет, селекторот Златко Далиќ ја презема одговорноста за незадоволувачките резултати на турнирот во Германија.

Хрватскиот селектор во своето обраќање посочи дека на овој турнир потфрлила одбраната на националниот тим, па затоа ја искористи приликата за јавно да му се извини на Домагој Вида кој не доби ниту една минута на овој турнир.

– Во тимот има 26 играчи и јасно е дека не може сите да играат. Ќе одработам состанок со играчите и ќе им се заблагодарам на оние кои дојдоа и кои не добија шанса.

– Навистина беа коректни, нивното време допрва доаѓа. Им благодарам на сите играчи за одвоеното време, а моето најголемо извинување ќе оди кон Домагој Вида. Со нас беше еден месец, не одигра ниту минута на овој турнир. Тој е наша легенда и ќе му се извинам пред сите соиграчи. Секогаш беше поддршка, не покажа незадоволство, а знам дека не му е сеедно. Немам навика да му се извинувам на некого, но за него ќе направам исклучок, – изјави Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни