Светски првенства
Далиќ за фантастичниот Гвардиол: Игра вака со 20 години, тој е најдобар стопер на светот
Хрватска избори пласман во осминафиналето на Светското првенство и тоа откако се избори за позитивен резултат против Белгија.
На „коцкестите“ им беше потребен само бод за да ја минат групната фаза, цел која успеаа да ја остварат играјќи 0-0 против „црвените ѓаволи“. Еден од најзаслужните за ова реми беше стоперот Јошко Гвардиол кој одигра на навистина високо ниво и уште еднаш потврди зошто се смета за еден од најталентираните играчи на својата позиција на светот.
-Би било себично да се издвојат поединци, секој даде се од себе. Имавме ситуации во кои Перишиќ и Модриќ спасуваа гол. Според мене Гвардиол е најдобриот стопер во светот. На 20 години да игра вака… Неколку пати ја изнесуваше топката со таква леснотија и елеганција, -истакна селекторот Златко Далиќ кој жали што Роберто Мартинез ја напушта селекторската функција во Белгија.
-Мислам дека Белгија загуби голем стручњак. Жал ми е што поднесе оставка. Мојот проект е ЕП 2024 и финалето на Лигата на нации. Кога ќе ги завршам тие проекти, тогаш ќе размислувам како понатаму, -рече Далиќ.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти