Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ: УЕФА намерно го прати овој судија за да не „искине“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HNS_CFF

Златко Далиќ вчера даде жестока изјава за арбитражата на Дани Макели по драматичното реми со Италија во Лајпциг, а хрватскиот селектор бил идентично бурен додека го анализирал натпреварот и со ладна глава.

Далиќ ова попладне се состанал со хрватските новинари и дал низа изјави за болното реми и примениот гол во 98-та минута, па иако вината ја бара кај себе и нереализираните шанси за 2:0, не пропуштил да нагласи дека ФИФА и УЕФА намерно го пратиле Макели со цел да им наштетат во корист на Италија.

– Макели не беше случајно пратен на нашиот натпревар. Цел меч не „кинеше“, а кулминација беа тие осум минути кои ги измисли од ракав.

– Постојано зборував дека ФИФА и УЕФА не ги штитат малите земји, не ме поддржувавте во таа моја теза, но колку и да ми забележуваат, тоа што го зборувам е факт.

– Имаше шест измени, тоа се три минути најмногу. Имаше и ВАР ситуација која траеше една минута, а тој стави осум минути продолжение. Не велам дека тој е директен виновник, но не бееше пратен случајно. Имавме се во свои раце, сите работи се поклопија против нас и навистина ми е многу жал, – изјавил хрватскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни