Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ: Тоа е патот до победа над Италија…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HNS_CFF

Хрватска не се прослави во првите два меча на Европското првенство на кои против Шпанија и Албанија освои само еден бод, но и понатаму е во игра за место во нокаут фазата за што е потребна победа над Италија.

Оваа средба е закажана за утре во Лајпциг од 21 часот, а предводникот на „коцкестите“, Златко Далиќ верува дека имаат квалитет, знаење, мудрост и упорност да дојдат до триумф и осминафиналето.

-Убеден сум дека можеме да го поставиме нашиот стил на игра против Италија и тоа е патот до победата. На нив им е доволен бод и не верувам дека така ќе се постават затоа што е тешко. Очекувам да бидат силни, агресивни. Можеме да бидеме на нашето ниво, ако можеме против Бразил, Аргентина и Англија, тогаш можеме и против Италија.

-Сигурно има притисок бидејќи целта беше да се помине групата. За нас секој натпревар е историски. Притисокот е тука поради нашите резултати, поради овие сто илјади луѓе кои не следат низ Германија, но тоа не треба да не спречи да го покажеме нашето најдобро лице.

-Ќе ни треба карактер, ќе треба да направиме се за да спречиме први да примиме гол, поради што се мачевме во првите два натпревари. Мора да се позиционираме малку поинаку и да ја чекаме нашата шанса, -порача Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни