Поврзете се со нас

Репрезентација

Далиќ по победата над Македонија: Можеше и полошо од ова

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/HNS_CFF

Хрватска вчера го доби контролниот меч против Македонија и на посакуван начин ги почна подготовките за Европското првенство, натпревар на кој „коцкестите“ не можеа да сметаат и на неколку сигурни стартери на континенталниот турнир.

И покрај експериментот во стартната постава, тимот на Златко Далиќ на рутински начин се справи со нашата селекција и славеше со 3:0, а хрватскиот селектор е задоволен од тестот, и покрај тоа што очекува и подобри перформанси во блиска иднина.

– Прво и основно, сакам да му честитам на Ковачиќ кој го одигра својот јубилеен 100-ти меч за репрезентацијата. Ковачиќ се уште е доволно млад и има уште што да понуди за репрезентацијата.

– Му честитам за победата, но истото важи и за останатите играчи. Никој не се повреди и победивме на добар меч. Можеше и подобро и полошо од ова, но конечниот резултат е добар. Во фаза на одбрана стоевме предалеку од ривалите, но имаме уште неколку тренинзи до Европското првенство. Се на се, ова беше супер тест за нас, сега ни следи тестот со Португалија.

– Ова е подготвителен период и се уште ги немаме сите идеи во глава. Натпреварот против Македонија и оној против Португалија ќе ни послужат да имаме доста појасни идеи за Европското првенство. Немаме преголеми дилеми околу тимот, се надевам дека Португалија ќе добиеме појасна слика за тоа кој тим ќе истрча против Шпанија на стартот на турнирот, – изјави Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни