Далиќ: Овие момци не се нормални!

dalic

Хрватскиот селектор Златко Далиќ ја предводеше репрезентацијата до уште еден голем, овојпат и историски успех, а триумфот над Англија ќе им овозможи на „коцкестите“ да се борат и за светската титула.

По големата победа во Москва, Далиќ во првата изјава им се заблагодари на фудбалерите.

– Морам да им честитам на фудбалерите, овие момци не се нормални. Ова што го одиграа е фантазија, како трчаа, како се бореа, ова е за историја.

– Им благодарам на навивачите, се уште не сме го кажале последниот збор, се надевам дека ќе ја освоиме светската титула, – потенцирал Далиќ.

Facebook Коментари