Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ: Ова е прв неуспех во мојата ера, но нема да се откажам

Објавено

на

Хрватска многу рано го заврши својот настап во Германија и испаѓањето од Европското првенство беше прифатено како големо разочарување, но тоа сепак не ги поколеба првиот луѓе во хрватскиот фудбал кога е во прашање лидерот на репрезентацијата.

Веднаш по враќањето дома, претседателот на фудаблскиот сојуз соопшти дека Златко Далиќ останува селектор на репрезентацијата, а тренерот оваа вечер имал нова средба со домашните новинари, од кои доби и многу критики во изминатите 10 дена.

Далиќ прифати дека ова е шокантен резултат за Хрватска и призна дека станува збор за неуспех, но не планира да се повлече после првиот зададен удар.

– Ќе ни треба уште доста врерме да заборавиме и да преболиме се што се случи. Се уште постои шок, тага и болка. Прерано испаднавме од Европското првенство, не го очекувавме тоа. Сакавме многу повеќе и може да се каже дека ова е неуспех.

– Ова е прв неуспех во мојата ера и не планирам да се предадам после првиот удар. Јас сум одговорен за тактиката, јас носам одлуки и ја преземам одговорноста за резултатот. Не ми паѓа на памет да барам алиби, јас сум најодговорен, но ова Европско првенство на крајот ни се сведе во 60 секунди.

– Ако ја одземеме последната минута од мечот со Албанија и последните 30 секунди од мечот со Италија, денеска немаше да бидам тука да ви давам објаснувања. Ќе имавме шест бодови и ќе зборувавме за една сериозна и фантастична Хрватска, – изјавил Далиќ.

Хрватска го заврши Европското првенство со еден пораз и две реми средби, па така како најслабо рангирана трета селекција се врати дома многу порано од предвиденото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни