Далиќ откри каква порака добил од Погба кога Французинот му се поклони во финалето

pogba-dalic

Пол Погба беше исклучително важен играч во составот на Франција на штотуку завршениот мундијал кој се одигра во Русија, а специјалните видеа кои ги достави телевизијата „ТФ1“ ни докажаа дека ѕвездата на Манчестер Јунајтед била и голем инспиратор во соблекувалната пред секој одигран меч на Светското првенство.

Погба го постигна третиот гол за Франција во финалето и на некој начин ги откажа Хрватите од можен пресвт во вториот дел, а покрај феноменалната игра која ја прикажа на најважниот натпревар, фудбалерот за врска предизвика големо внимание и со гестот кој го имаше со селекторот на Хрватска.

Набрзо по последниот свиреж на Питана, Погба му се приближи на Далиќ и му се поклони, а сега хрватскиот селектор откри каква порака добил од Французинот.

– Направи одлична работа, вие сте фантастичен тим, – открива Далиќ во интервјуто за „Јутарњи лист“, порака со која самиот селектор вели дека Погба докажал дека е голем играч и голем спортист.

Facebook Коментари