Лига на нации
Далиќ извади играч на полувреме и порача: Три дена зборувавме едно, а тој правеше нешто друго
Златко Далиќ ја промени формацијата во Хрватска на стартот на новото издание на Лигата на нации, но веќе на полувреме реши да менува и извади играч од одбраната по само 45 минути.
Хрватскиот селектор се реши за формација со три стопери и збогатен среден ред со пет фудбалери, но бидејќи тоа не донесе резултат на гостувањето во Лисабон, Далиќ уште на полувреме го извади Марин Понграчиќ.
Централниот дефанзивец направи неколку грешки и загуби топки на чувствителен дел од теренот, а Далиќ беше доволно искрен и призна дека го извадил поради лошото издание во овој период.
– Не стануваше збор за повреда, го извадив Марин бидејќи имаше многу лоши реакции од негова страна. Изгледаше доста бавно за темпото на овој натпревар.
– Имаше многу повлекувања од негова страна, лоши излегувања кон топка. При првиот гол реагираше навистина многу лошо, три дена зборувавме дека последната линија не може да остане сама и дека мора да излезе повисоко на играч. Наместо да го прави тоа, тој ги оставаше противниците во ситуација еден на еден. Во првото полувреме не функционираше речиси ништо генерално, но тој се издвојуваше, – изјави Далиќ по поразот од 2:1.
-
Балканпред 23 часа
Сите проблеми се забораваат кога се игра дерби: Хајдук го сруши Динамо на „Максимир“ (ВИДЕО)
-
Балканпред 13 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Светпред 14 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 12 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 12 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Шпанијапред 10 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Светпред 22 часа
Дориев намести гол и ја спаси Согдиана од пораз (ВИДЕО)