Поврзете се со нас

Балкан

Далиќ има златно правило: За такви играчи нема место во националниот тим!

Објавено

на

Foto:twitter.com/HNS_CFF

Златко Далиќ го мина најтурбулентниот квалификациски циклус во последно време, но тој и неговите играчи сепак успеаја во зацртаната цел и повторно се пласираа на еден голем турнир.

Сплетот на околности на крајот заврши во корист на „коцкестите“ и тие последни обезбедија директна виза на Европското првенство во Германија, за кое сега ќе чекаат противници како претставници на третиот шешир.

Далиќ беше приморан да направи серија измени во тимот во овие квалификации и на крајот како херој за него се покажа Анте Будимир, напаѓачот на Осасуна кој за селекторот е добар пример за тоа како треба да се однесува еден професионалец.

Говорејќи пред новинарите за сето она што го доживеа во 2023-та година, Далиќ го нагласи и златното правило кое го вовел во националниот тим, а тоа е за оние играчи кои многу галамат во јавноста.

– Кој галами и крева врева по медиумите, за тој веќе нема место во репрезентацијата на Хрватска. Тоа добро го знаат сите играчи и веќе имавме такви примери. Сакам да се шири само позитива во тимот. Анте Будимир е најдобар пример за тоа, постојано беше позитивен, заслужено ја доби оваа шанса и на крајот беше награден. Кога некој крева врева, тоа значи дека сака да го наруши единството во тимот, – потенцира Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни