Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ го испофали тивкиот јунак на Хрватска: Не креваше врева, никој не покажа повеќе од него

Објавено

на

Foto:twitter.com/HNS_CFF

Хрватска одигра прескромни квалификации за стандардните кои ги наметна во последните неколку години, па со доста променливи резултати и голема услуга од Ерменија успеа да стигне до посакуваната цел.

„Коцкестите“ влегоа во завршниот квалификациски прозорец како селекција која не зависи сама од себе, но Ерменија им помогна со ремито кое го одигра против Велс, па така одлуката вчера падна на „Максимир“.

Хрватската селекција успеа да слави со минимални 1:0 против Ерменците и го трасираше својот пат кон уште еден важен фудбалски собир, што само покажува каков континуитет стекнаа „коцкестите“ во изминатите две децении.

Херој на мечот беше Анте Будимир кој постигна гол пред крајот на првиот дел, а бидејќи се работи за играч кој во минатото не добиваше премногу шанси, селекторот Златко Далиќ оцени дека ова се неговите „пет минути“.

– За Европското првенство сакав да пронајдам малд напаѓач, но никој не покажа повеќе од Анте Будимир. Тој трпеливо работеше и не креваше врева по медиумите. Имаше право да каже и нешто негативно, но сега Бог го награди и излезе како наш јунак, – изјави Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни