Далиќ ги именуваше четворицата играчи без кои не донел ниту една одлука на мундијалот во Русија

dalic-france

Златко Далиќ ја здрма фудбалската јавност во Хрватска со своето шокантно признание кое го имаше непосредно по крајот на мундијалот во Русија, обелоденувајќи дека се соочил со безброј притисоци и заткулисни игри да го напушти селекторското столче уште пред почетокот на Светското првенство.

Далиќ покажа со прст кон одредени луѓе во Федерацијата и порача дека тие се главните виновници поради тоа што мора да размисли дали ќе остане на селекторската функција по историскиот успех во Русија, но кога е земен во предвид само спортскиот успех на неговиот тим, предводникот на „коцкестите“ откри уште една интересна анегдота.

Селекторот на светскиот вицешампион доби безброј пофалби за својата работа од целокупната јавност за начинот на кој ја сплоти селекцијата на Хрватска, но тој вели дека огромна помош добил од ветераните во составот, односно четворицата играчи без кои не донел ниту една одлука на мундијалот.

– Капитенот е тој кој ги пренесува барањата на играчите до мене, а и ги пренесува моите идеи и планови до нив. Кога сакав нешто да решавам, кога стануваше збор за важна одлука, секогаш ги викав Чорлука, Ракитиќ, Манџукиќ и Модриќ. Тоа е искусни играчи во селекцијата со кои разговарав за се пред да донесам било каква одлука поврзана за мундијалот, – открива Далиќ за „Јутарњи лист“.

Facebook Коментари