Дали Роналдо се подготвува да си замине од Реал Мадрид?

Ronaldo

Спортската телевизиска емисија „Ел Чиринкуито“ излезе со шокантно тврдење, кое подоцна го пренесоа и скоро сите шпански медиуми, дека Роналдо му најавил на претседателот на клубот Флорентино Перез за заминување од кралскиот клуб после завршување на сезоната. Тој во неколку наврати, запрашан од медиумите изјавуваше дека не сака да потпише нов договор со Реал Мадрид, а се правдаше дека е задоволен од моменталниот договор што го има. Во прилог на оваа информација оди и тоа што Роналдо им напомена на раководството на Реал Мадрид да не носат нов играч во нападот алудирајќи на Мбапе, но сепак тие притискаа да го видат Мбапе на ,,Сантијаго Бернабеу” . Португалецот, кој доби дете со својата избраничка Георгина Родригез, во последниот период игра лошо со Реал и е статистички оценет како најлош играч во нападот во Европа, со слаба реализација, а целата оваа ситуација оди во прилог на тврдењето дека е спремен да замине од ,,кралскиот клуб”.

 

 

Facebook Коментари