Поврзете се со нас

Свет

Далеку од пријателска: Пепе и Михтарјан се „спукаа“ на натпреварот меѓу Порто и Рома (Видео)

Објавено

на

Вистинска мешаница се случи на денешниот пријателски натпревар помеѓу Порто и Рома кој се уште е во тек.

По еден брутален старт на искусниот дефанзивец Пепе врз Хенрик Миктарјан настана збрка на теренот откако Ерменецот веднаш му возврати на стоперот на Порто.

Пепе во текот на целиот натпревар играше поопасно, па на неговата игра кон судијата се пожали и Жозе Мурињо, за на крај ситуацијата да ескалира.

Инцидентот се случи во 64. минута при водство на Рома од 1:0, а во мешаницата веднаш втрчаа и играчите и стручниот штаб кои седеа на клупите за резервни фудбалери.

Во еден момент, како што јавуваат италијанските медиуми,  Џеко на Пепе му довикнал: „Браво, губите со 1:0, оди сега и плачи“

Судијата за момент ја прекина средбата додека ситуацијата не се смири, а натпреварот за брзо продолжи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни