Поврзете се со нас

Франција

Далеку од дерби: ПСЖ го разби Марсеј на „Велодром“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/PSG_Inside

Пари Сен Жермен со години доминира во Франција, но од оваа сезона нема ниту една голема, екстра ѕвезда како што беше Килијан Мбапе или претходно Лионел Меси, Нејмар…, односно се отвори можност за другите екипи да ја намалат разликата и да се обидат да го нападнат врвот.

Еден од тие клубови кои вложува и атакува на највисок пласман е Олимпик Марсеј кој направи интересни потези во летниот преоден рок, но се уште не е на нивото на „светците“ и потврда за тоа е резултатот на вечерашното дерби на „Велодром“.

ПСЖ славеше со убедливи 3-0 со головите на Невес, Белерди (автогол) и Баркола, три погодоци постигнати уште во првото полувреме.

Четата на Енрике останува на првото место со 23 бода или плус 3 во однос на Монако и 6 од Марсеј и Лил.

(ОВДЕ можете да ги погледнете головите)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни