Поврзете се со нас

НБА

Далас се откажа од важен функционер поради неговиот конфликт со Дончиќ

Објавено

на

Харалабос Вулгарис не добил продолжување на договорот со Далас Маверикс и ќе ја напушти менаџерската позиција која ја имаше во НБА клубот.

Американските медиуми одамна шпекулираа дека Марк Кјубан ќе се откаже од Вулгарис, пред се поради неговите влошени односи со првата ѕвезда на клубот, Лука Дончиќ.

Вулгарис кој е професионален коцкар, пристигна во Далас во 2018 година и за него се зборуваше дека учествувал во влечењето на сите важни потези на клубот, вклучувајќи го и мешањето во работата на тренерот Рик Карлајл.

Иако постигнал одлични резултати во својот сектор, проблематичниот директор имал конфликти на повеќе страни, а еден од нив бил и тој со Дончиќ, кој неодамна го продолжи договорот со Далас и сигурно е приоритет на клубот.

Далас ја започнува новата НБА сезона на 7. октомври и тоа со пресметка со Јута Џез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни