Поврзете се со нас

НБА

Далас сакал да се ослободи од Дончиќ: Одбраната освојува титули

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Како гром од ведро небо стигна веста за големиот трејд, размена во НБА лигата која беа инволвирани три клуба Лос Анџелес Лејкерс, Далас Маверикс и Јута Џез, операција во која најголмеи ѕвезди беа Лука Дончиќ и Ентони Дејвис кои добија нови клупски средини.

Словенецот во иднина ќе го носи дресот на „езерџиите“ од Лос Анџелес, додека пак центарот Дејвис ќе биде дел од составот од Тексас.

Овој блокбастер трејд донесе и се уште носи реакции затоа што е огромно изненадување за сите, а свој прв коментар на темата даде генералниот менаџер на Маверикс, Нико Херисон.

-Верувам дека одбраната носи титули. Верувам дека добивме комплетен дефанзивен центар и и НБА играч со дефанзивен начин на размислување ни дава поголема шанса. Изградени сме да победуваме сега и во иднина,  -порачал Херисон за ЕСПН.

Токму Далас бил тимот што сакал да се ослободи од Лука, ги иницирал првите контакти, разговори со Лејкерс на оваа тема и по неколку дена од управата на „езерциите“ дале зелено светло за оваа операција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни