Поврзете се со нас

НБА

Далас направи уште една размена

Објавено

на

Фото: https://x.com/dallasmavs

Далас Маверикс е посебно активен во пресрет на последниот рок за размени во НБА лигата, па по шокантното откажување од Лука Дончиќ, денеска реализирал уште една размена.

Специјализираните американски медиуми пренесоа дека тексашкиот клуб се откажал од Квентин Грајмс, а на неговото место ќе го доведе Кејлеб Мартин.

Размената е реализирана меѓу Далас и Филаделфија, па Грајмс ќе се пресели во редовите на 76-ките, заедно со правото на избор во втората рунда на драфтот за неговиот нов клуб.

Претходно, Далас ги испрати Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис во Л.А Лејкерс, додека од калифорнискиот состав ги доби Ентони Дејвис и Макс Кристи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни