НБА
Далас испушти плус 19, Кари ги прати Дончиќ и соиграчите на спиење (Видео)

Далас има за што да жали на вториот натпревар кој го одигра во Сан Франциско, бидејќи отвори многу подобро, доминираше во првите две четвртини и дојде до позитива од плус 19, но потоа му дозволи на противникот да се врати во игра кога најмалку се очекуваше.
Дрејмонд Грин направи петта лична во третиот период и беше изваден од игра, но како неочекуван херој се покажа токму играчот кој го замени. Луни влезе во игра и доминираше во одбрана и во напад, односно ги разбуди Стеф Кари и пријателите кои режираа извонреден пресврт во продолжение.
Со Луни на теренот, Голден Стејт направи серија од 34:15 и се врати во игра на стартот на последната четвртина, во која расположените домаќини ја намирисаа крвта и веќе не им дадоа шанси на Маверикси.
Лука Дончиќ блескаше со 42 поени, пет тројки и осум асистенции, но не погоди важна тројка за враќање на минус четири во последната минута, по што следеше клучна тројка на Кари и потврда на победата од 126:117.
Еден од најдобрите шутери на сите времиња погоди во свој препознатлив стил и со тројката ги прати гостите на спиење. На овој начин, Голден Стејт поведе во финалната серија на Западот со 2:0, па сега ќе следат два натпревари во Далас, каде Дончиќ и соиграчите ќе мора да реагираат.
Кари го заврши мечот со 32 поени, Пул постигна 23, а неочекуваниот херој Луни уфрли 21.
STEPH PUT THE MAVS TO SLEEP 😴 pic.twitter.com/nqB8ZYTAmG
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 21, 2022
-
Светпред 24 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 23 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 22 часа
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место
-
АТПпред 21 час
Фаворитот од втор ред за триумф на Вимблдон се повлече пред да излезе на терен: Многу сум разочаран