Поврзете се со нас

НБА

Далас го жртвува најдобриот пријател на Дончиќ за да доведе поквалитетен центар

Објавено

на

Далас Маверикс рано почна со реконструкцијата на тимот за следната сезона, а планот е да бидат доведени поквалитетни играчи како поддршка за првата ѕвезда, Лука Дончиќ.

Словенецот стигна најдалеку во плејофот откако е во Далас, но тексашкиот тим не можеше да очекува нешто повеќе со ростерот со кој располага, нешто што раководството планира да го промени.

„Атлетик“ објави дека веќе е договорена размена со Хјустон, со која Далас ќе го добие центарот Кристијан Вуд, кошаркар кој би требало да го подигне нивото на квалитет во екипата.

Сепак, тоа ќе биде направено по цена Далас да остане без Бобан Марјановиќ, кој иако нема голема минутажа, беше важен за екипата поради својот карактер, а и фактот што му е најдобар пријател на Дончиќ.

Покрај Марјановиќ, Далас за услугите на Вуд ќе ги испрати во Хјустон и Браун, Бурк и Крис, а ќе отстапи и еден избор на драфтот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни